Ректоратот одби да ги поништи скандалозните избори за студентски лидер

by fokus

На денешната вондредна седница, Ректорската управа на УКИМ одлучи да формира комисија која ќе ги разгледа сите докази за изборите на претседател на СПУМК, но одби да ги поништи изборите.

Управата нив ги оцени како скандалозни кои ескалираа со физички пресметки и вмешување на МВР кои не биле повикани од одговорните лица на Универзитетот. Го осуди и секој вид на притисок врз студентите преземен од страна на кои било државни органи.

Освен формирање на комисија, Ректорската управа предложи и итна измена во Статутот на УКИМ во делот на студентското организирање за што веќе претходно беше формирана комисија, како и  преку овозможување на правен основ, Ректорската и деканските управи да учествуваат при одганизирање и спроведување избори од страна на студентски организации.

Овие предлози беа на Деканот на Правниот факултет Борче Давитковски. Откако Ректорската управа го одби предлогот да ги поништи изборите до нови избори во септември, Давитковски ја напушти седницата, бидејќи, како што рече, не се согласува со формирање комисии.

Поврзани новости