Рекордна бројка на хоспитализирани деца во САД

by fokus

Во болниците во САД вчера беа примени рекордни 1.902 деца позитивни на ковид-19, што е највисоката дневна бројка на хоспитализации на деца.

Болниците на југот од земјата се исполнија до максисмум, поради новиот бран на делта-сојот на ковид-19, кој се шири најмногу меѓу невакцинираното население.

Децата во моментов сочинуваат 2.4 отсто од болничките приеми со ковид-19.

Децата под 12 години не влегуваат во групите за вакцинација, и со тоа тие се поподложни на зараза.

-Ова не е последна година со ковид-19. Оваа е полоша и нашите деца ќе бидат најмногу погодени – изјави Сали Гоза, поранешна претседателка на Американското здружение на педијатри.

Според американските центри за контрола и заштита од болести, висока е бројката и на хоспитализации на пациенти од возрасните групи 18-29, 30-39 и 49-49 години.

Поврзани новости