И денеска државниот епидемиолошки Институт „Роберт Кох“ бележи рекордни вредности на новозаразени со коорона вирус: речиси 240.000 во еден ден.
Уште од корона вирус дневно умираат околу 250 луѓе.
Бројот на пациенти на интензивните оддели е многу понизок од врвот на пандемијата, што се објаснува со релативно полесниот проток на болеста кај повеќето заболени, пишува „Дојче веле“.
Притоа, германската влада уште пред 10 дена зборуваше за тоа дека врвот на омикрон заразата поминал. Растечките бројки сега го покажуваат спротивното. И самиот министер за здравство Карл Лаутербах во петокот повлече кочница. „Ние не можеме да бидеме задоволни од моменталната ситуација. Таа е критична“, рече Лаутербах.
Но, изгледа малкумина во моментот имаат волја и живци повторно да се вратат на темата која го држи вниманието на сите последниве две години. Од 24 февруари, од почетокот на нападот на Русија врз Украина, речиси целиот медиумски простор е посветен на оваа тема, што е и разбирливо.
Но тоа, според мислењето на министерот Лаутербах ствара привидна слика дека корона вирусот повеќе го нема.
„Ситуацијата објективно е многу полоша од раположението кај граѓаните и добри делови од политиката“, предуптредува Лаутербах.
Стравува дека многумина мислат оти пандемијата поминала.