Над 60 луѓе загинаа во Конго откако воз излетал во клисура

by fokus

Најмалку 60 луѓе загинаа откако товарен воз излета од шините во Демократска Република Конго, потврди денеска локален претставник.

Несреќата се случила вчера кога воз, на релација од селото Китенте до Бујофве во провинцијата Луалаба, излетал од шините и паднал клисура. Седум од десетте вагони завршија во клисурата.

Околу 20 луѓе ја преживеале несреќата.

Многу возови во ДР Конго се од колонијално време и не се добро одржувани. Патниците често нелегално користат товарни возови како бесплатен превоз.

Поврзани новости