(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ швајцарски оптимист
Во ова време кога цените раснат на сѐ и сешто, јас сум сепак оптимист,
паѓа невработеноста, раснат платите, во економијата вртиме нов лист!
И пензиите ќе раснат, по швајцарски модел (како сирење ил чоколада),
парното не поскапува (па не е гориво), субвенции спрема мојата влада!

 

Христијан МИЦКОСКИ полн со енергија
Веќе се чуствувам како премиер, а и анкетата на ИРИ енергија ми даде,
имаме 20 посто рејтинг, а СДСМ со 16 посто, правот може да ни го јаде!
Договорив набавка на електрични автобуси и за цела фабрика се борам,
викајте ме Тракторот, на политичкото поле јас најдлабоки бразди орам!

 

Бујар ОСМАНИ на листа на непријатели
Еј, човече, Русија има листа на земји-непријатели и нас на неа нѐ ставила,
ете, глобалната игра очигледно почна да се игра по некои нови правила!
На таа листа се САД, Канада, па и Сан Марино, во група сме ексклузивна,
факт е дека последици ќе трпиме, еве цената на нафтата в небо се вивна!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Данела Арсовска, Биљал Касами, Стево Пендаровски и Марко Бислимовски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости