Град Скопје денеска најави почеток на реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов рече дека објектот ќе се реконструира во постојниот изглед и габарит и очекува градежните работи да почнат во мај.
„На мое и општо големо задоволство промовираме проект за реконструкција на универзална сала. Буџетот издвои 120 милиони денари. Универзална беше е и очигледно останува омилена културна институција на многумина скопјани. За мене тоа е доволна причина и мотив за повторно отварање на нејзините врати. Ќе биде реконструирана во постојниот габарит задржувајќи го својот автентичен изглед. Идејата да ја сочуваме во постојанта форма и локација дојде по опсежна и отворена дебата и недвосмислено изразување на волјата на јавноста. Наш приоритет е да ја отвориме оваа сала во нејзиниот полн капацитет во текот на оваа година. На 8 март ќе ја примиме донацијата на изведбениот проект, со што ќе има услови за распишување на тендерската постапка и во текот на мај очекувам да почнат градежните активности“, истакна Шилегов.