Заев: За мене Шилегов е фаворит, ама уште го немам прашано дали сака да се кандидира

by Fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната презентација за реконструкција на Универзалната сала истакна дека актуелниот градоначалник Петре Шилегов е негов фаворит за Скопје.

„За мене Шилегов е фаворит, иако се уште го немам прашано дали сака да се кандидира – рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој беше запрашан и за вакцините, но рече дека не сака да лицитира со датуми кога ќе стигнат вакцините, но дека веќе денес очекува позитивен сигнал од Кина, иако беше повлечен авансот заради незавршената процедура во таа земја.

„Министерството за здравство објасни дека авансот е повлечен зошто ја чекавме поддршката од Министерството за надворешни работи на Кина. Не можеме да си дозволиме пари да лежат во оваа земја додека не се заврши постапкаа. Ќе чекаме прво да се заврши работата, па потоа да ги уплатиме парите. Денеска очекувам позитивен сигнал или информација од Кина за веднаш да ја почнеме таа постапка. Има и втора постапка за набавување 200.000 вакцини, а формализирани се и постапките за руската вакцина „Спутник“, рече Заев.

Поврзани новости