Вака изгледал крвавиот пир од минута во минута во основното училиште во Врачар (Србија), каде што беше убиен чуварот заедно со уште осум деца, пишува Пинк.рс“.
Се започнало утрово околу 8 часот и 30 минути кога избезумен ученик пристигнува во училиштето, почнува да се расправа со чуварот, а потоа, кога мажот се обидува да го смири, тој почнува да клоца се околу себе, па вади пиштол и пука во чуварот, кој само се обидел да го смири.
Од таму продолжува.
Сретнува тројца другари во училишната сала. Тој пука во нив. Ги убива.
Потоа оди во училницата по историја, а таму има учителка што „не ја сака“.
Тој држи пиштол во раката, пука во наставничката, ја ранува, а потоа учениците скокаат врз него и го спречуваат да ги убие сите.
Таму убил уште пет ученици
Тој продолжува да пука дури и кога паѓа на подот.
На таванот останале три дупки од неговите куршуми што ги испукал додека паѓал.
При претрес во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар каде утрово Коста К. уби десетина лица, пронајден е ранец во кој имало три молотови коктели. Го оставил ранецот во кабинетот за историја.
Лекувањето на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.