Регулаторна комисија: Пазарот е либерализиран, може и без Макпетрол

by Фокус

Регулаторната комисија се огласи за случајот со Макпетрол и преку соопштение на јавноста и објасни како е поставен пазарот на деривати во Македонија.

-Учесници на пазарот со нафта и нафтени деривати се: трговците на големо со нафта и нафтени деривати, складиштарите со нафта и нафтени деривати, производителите на нафтени деривати, производителите на биогорива, производителите на намешани горива (биогорива со фосилни горива) и транспортерите на сурова нафта и нафтени деривати преку нафтовод, односно продуктовод, стои на почетокот на соопштението од Комисијата.

Освен деталното објаснување на поставеноста на пазарот, од Регулаторна комисија додаваат дека со оглед на тоа што, на пазарот со нафта и нафтени деривати има присутно повеќе учесници, односно вршители на енергетски дејности, конкуренцијата ќе овозможи понудата соодветно да одговара на побарувачката, и со тоа состојбата во овој сектор да биде стабилна.

-Во отсуство на еден или повеќе трговци на големо со нафта и нафтени деривати, може да настапат останатите трговци кои поседуваат лиценции за да го искомпензираат, односно да го надополнат отсуството на вршителите кои не ја вршат или не можат да ја вршат дејноста за која им е издадена лиценцата од било кои причини, се вели во соопштението.

Поврзани новости