Пешевски: Владата го штити јавниот интерес во случајот со Макпетрол

by Фокус

Вицепремиерот Владимир Пешевски по повод случајот со Макпетрол и можната енергетска криза во државата се огласи на Фејсбук. Тој вели дека законска обврска на Владата е да го штити јавниот интерес  и сите државни институции кои се вклучени во кривично-правниот процес треба да преземат легални чекори кои нема да го стават под прашање јавниот интерес, заштитувајќи ги интересите на граѓаните, како и интересите на акционерите и вработените во компанијата „Макпетрол“.

-Исто така потребно е да се обезбедат услови за задоволување на јавниот интерес и од страна на операторот кој е предмет на процесот за утврдување на фактите. Владата во рамките на своите надлежности ќе го следи рзвојот на настаните и доколку е потребно ќе ги преземе сите неопходни чекори да не дојде до посериозно нарушување на балансот на снабдувањето со нафтени деривати и горива за транспорт на граѓаните на Република Македонија, напиша Пешевски на својот Фејсбук профил.

Поврзани новости