Регистрирани 17 нови случаи на Ковид-19

by Fokus

Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи на КОВИД-19 од Тетово – 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од:  Куманово и Тетово – по 3 и Скопје – 1. Регистрирано е едно починато лице од Скопје (70 години), во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.981, бројката на оздравени пациенти е 150.251, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 241.

Поврзани новости