Наредната седмица стартува Илинденскиот марш

by Fokus

Коњаниците што ќе учествуваат на 43-тиот традиционален коњички марш оваа година по повод националниот празник Илинден ги прават последните подготовки покрај кејот на реката Вардар.

На маршот ќе учествуваат 20 коњаници, меѓу кои и две девојчиња а ќе тргнат кон Крушево во вторник, 27 јули од паркот „Јане Сандански“ во 17.30 часот.

Потоа со дефиле низ главните булевари во Аеродром ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што ќе се одржи народен собир проследен со културно-уметничка програма со настап на музичките групи „Некст тајм“ и триото „Џентлмен“ и каде што поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан ќе им даде благослов за маршот.

Поврзани новости