Регистрирани 14 починати од корона во последното деноноќие

by fokus

Во последните 24 часа регистрирани се 14 починати лица од компликации со вирусот Ковид-19.

Четворица од пациентите биле од Скопје (82, 73, 67 и 58г), еден од Куманово (52г), четири од Прилеп (82, 66, 78 и 71г), еден од Струга (84г), еден од Битола (74г), еден од Охрид (59г), еден од Кавадарци (56г) и еден пациент од Гевгелија (80г).

Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79815, бројката на оздравени пациенти е 56743, на починати е 2354, а бројот на активни случаи изнесува 20718.

Поврзани новости