Нови 627 заразени со Ковид-19, намален процентот на позитивни лица од вкупниот број тестирани

by fokus

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2510 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-250, Куманово-36, Дебар-8, Штип-12, Прилеп-35, Тетово-21, Струга-6, Велес-25, Битола-25, Охрид-21, Кавадарци-31, Гостивар-24, Гевгелија-12, Струмица-23, Крива Паланка-8, Радовиш-4, Кочани-20, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-13, Валандово-6, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-7, Ресен-4, Неготино-14.

Според денешните бројки, 24 проценти од вкупниот број на тестирани биле позитивни, што е понизок процент од претходно, кога процентот беше и над 30 проценти.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 644 оздравени пациенти од: Скопје-241, Куманово-33, Штип-25, Прилеп-66, Тетово-26, Струга-44, Велес-12, Битола-29, Охрид-51, Кавадарци-2, Гостивар-37, Гевгелија-8, Струмица-11, Крива Паланка-11, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-5, Виница-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-1.

Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 34417, активни 11660
• Куманово 4547, активни 567
• Дебар 598, активни 122
• Штип 3226, активни 345
• Прилеп 4027, активни 730
• Тетово 4652, активни 951
• Струга 1937, активни 348
• Велес 2655, активни 557
• Битола 2913, активни 677
• Охрид 2266, активни 573
• Кавадарци 1960, активни 569
• Гостивар 3287, активни 632
• Гевгелија 1089, активни 304 (73 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 185 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2207, активни 637
• Крива Паланка 577, активни 114
• Радовиш 587, активни 125
• Крушево 155, активни 66
• Кочани 1555, активни 264
• Пробиштип 436, активни 51
• Демир Хисар 229, активни 40
• Македонски Брод 208, активни 33
• Пехчево 132, активни 16
• Берово 483, активни 77
• Валандово 288, активни 63
• Виница 432, активни 66
• Делчево 656, активни 224 (181 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 186, активни 23
• Свети Николе 1022, активни 137
• Кичево 1533, активни 267
• Ресен 606, активни 136
• Неготино 949, активни 344 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2510 теста се преку: ИЈЗ-704, ЦЈЗ Скопје-65, Авицена-229, Биотек-182, МАНУ -145, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Систина со PCR метода -162, лабораторија Лаор –25, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-4, ГАК-11, Синлаб-40, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -752, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 386.279 тестирања на Ковид -19.

Поврзани новости