Регистриран 21 нов случај со Ковид-19 и 71 оздравен пациент

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај со КОВИД-19 и 71 оздравен пациент. Од 21 новозаболен, кај петмина се регистрирани реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (66г) и Штип (80г). Лицата, кои починале во домашни услови, се регистрирани како починати во периодот од 29.04. до 01.05.2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 2.023.422 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299.936, на починати е 9.282, а на активни случаи изнесува 572.

Поврзани новости