Регионот се сеќава на легендарните изјави на Мирослав Ќиро Блажевиќ, хрватскиот тренер кој почина денеска на 88-годиша возраст.
Уживаше да зборува за фудбалот, но и за жените и за сексот без влакна на јазикот.
За среќата и разочарувањето.
„Среќата никогаш не може да биде толку голема кога победувате колку што е разочарувањето кога губите“.
Тој ги објасни седумте фактори за успех.
„Постои формула составена од седум фактори: талент, мотивација, карактер, спортска интелигенција, средина, тренинг и, конечно, среќа. Сите овие фактори се важни. Во мојот случај, социјалната мотивација се покажува како најголема. Претходно, можеби, тој елемент беше доволен, но не се забележуваше колку е важна околината“.
Една од неговите познати изјави е кога гостуваше коментатор на ХРТ по мечот што Хрватска го загуби од Турција. Тој одговори на инсистирањето на водителот дека Хрватска игра подобар фудбал:
„Слушај сине, фудбалот не е уметничко лизгање, па да го оцениме уметничкиот впечаток. Во фудбалот победува тој што постигнува повеќе голови, а не тој што игра поубаво“.
Пред 35 години, кога дозволи тогаш талентираниот и недокажан Роберт Просинечки да си замине од Динамо Загреб и да премине во Црвена ѕвезда, ја даде една од неговите најлегендарни изјави: „Ако тој стане играч, јас ќе си ја изедам тренерската диплома“.
Просинечки стана екстра играч, еден од најдобрите на светот во негово време, а подоцна со Ќиро кога ќе се видеа, се гушкаа, пиеја кафе, немаше лутење.
Изјавуваше дека е подобар од Капело и Мурињо бидејќи тие двајца да биле родени во Травник како него, не би стигнале до височините кои тој ги достигна.
– Злато, настинав, среќа што не се измочкав – рече Ќиро Блажевиќ на новинарско прашање зошто скока до клупата.
– Нема ништо подобро од новинарска работа. Имате моќ, на луѓето им ја пиете крвта со сламка и за тоа ви плаќаат – изјави тој како репортер на Нова ТВ во Португалија.
– Тајната е тајна додека Ќиро Блажевиќ не ја дознае случајно или можеби не. Тогаш таа станува сензација – изјави Ќиро во моментот кога Динамо му соопшти дека Манџукиќ оди во Манчестер Сити за 22 милиони евра.
– За време на првото полувреме на натпреварот Шведска – Англија тој за Калстром рече: – Толку е левак што ја користи само десната нога при влегување во автобус.
– Откако Хрватите беа третопласирани на Светското првенство во 1998 година, а публиката почна да скандира „Ќиро, мајсторе!“, а потоа изјави: – Мило ми е што повеќе не сум хомосексуалец.
– Мојот најголем порок е п..а. Вагината е, да бидам малку културен, чудна работа. Поради неа се водеа војни, се губат глави. Додека не дојде до тоа парче месо, човекот сака да полуди. По консумирањето, тој обично се кае. Затоа се роди народната поговорка „после е…е нема каење“.
– Мајка ми сакаше да бидам свештеник. Ја послушав и одам во манастирот. Таму запознав преубава калуѓерка, нејзиното име беше Аурора. Кога ја видов,во истиот момент скокна хашимагата (асоцијација за машкиот полов орган). Си велам Ќиро ова не е работа за тебе, секој ден мораш да ги париш очите, не можеш да е…Побегнав од манастирот.
– Потентните мажи треба да „шараат“ на страна. Тоа им е еден вид тренинг за натпреварот со жената. Има ли полоша работа од тоа да си ја е..ш својата жена и да броиш туѓи пари? Јадете грав секој ден и видете дали ви е здодевно.
-Имав операција на простата. Во текот на постапката може да се оштети нерв важен за секс. Јас бев исплашен. Лекарот препишал некои стимулативни капсули. Во моментот кога го испив првото, хашимагата ме потсети на неговото дивеење. Тоа е единствениот афродизијак што сум го користел. Ќиро е 100 проценти потенетен.