Алтернатива сè уште нема конкретен предлог за нивните позиции во Владата

by fokus

Се уште немаме конкретен предлог на маса за нашите позиции во идната влада доколку би се формирала, рече денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника хируршки болести „Св.Наум Охридски“.

Министерот додаде дека доколку има проширување на мнозинството, сè уште немаат информација ниту кои се позициите кои Алијанса за Албанците ги има обезбедено и затоа, како што рече, „не можам да коментирам кои се нашите позиции“.

Според последните неофицијални информации, Алијанса за Албанците (АА) има цел да раководи со Министерството за правда заедно со Министерството за здравство.

Преговорите за влез АА во владината коалиција се при крај и најверојатно, како што најави вчера лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари ќе завршат до денеска.

Поврзани новости