Реформите во тајната полиција денеска на владина седница

by fokus 12:02
12:02

На предлог на Министерството за внатрешни работи денеска Владата на седница ќе расправата за реформите на тајната полиција, кои предвидуваат формирање на нова агенција. Ова тело, кое допрва ќе се формира, ќе ја добие надлежноста за прислушувањето.

За таа цел Владата ќе го разгледува Предлог-законот за следење на комуникациите, како и предлог закон за Оперативно-техничка агенција.

На денешната владина седница ќе биде разгледано и барањето за субвенционирање на проектите бесплатни викенди за превоз во железничкиот сообраќај, што го предлага Македонски железници Транспорт АД – Скопје.

На предлог на Министерствозаправда на дневниот ред на денешната седница ќе се најдат предлог-закони за изменување и дополнување на повеќе законски решенија како што се: Законотзасудовите, Законот за извршување на санкциите, Законот за јавнообвинителска служба, Законот за кривичната постапка, Законот за јавното обвинителство, како и Законот за Народниот правобранител.

Поврзани новости