Реформаторите им нудат правна помош на вмровците под притисок од новите локални власти

by Фокус

Внатрепартиска иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека формирале тим од правни советници со цел да обезбеди првични правни насоки и консултации за сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои поради своите политички убедувања или дејствувања се наоѓаат или ќе се најдат под притисок од новите локални власти низ општините.

„Сметаме дека на сите наши сопартијци и поддржувачи во овој момент потребно е да им се пружи почетна насока и консултација од правен аспект, со цел понатамошно остварување на нивните права во соодветни постапки пред надлежните судски или управни органи во Република Македонија“, соопштија реформистите.

Оттаму додаваат и дека сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, секоја недела во периодот од 12:00 часот до 15:00 часот во просториите на Клубот на новинари ќе можат да се состанат со правниот тим и, доколку има основаност во наводите, да добијат соодветна првична правна помош, насока или консултација, без надомест.

Поврзани новости