Касами: Ако Заев реши да расчисти со криминогените поединци од ДУИ, тука сме да и помогнеме на владата

by Фокус

Власта треба докрај да ги расветли случувањата со индициите за криминал на претходната влада, без притоа да бидат толерирани и поединци во ДУИ кои се криминогени, вели лидерот на БЕСА Биљал Касами за Радио Слободна Европа.

-Кога премиерот би бил одлучен да расчисти со сето тоа што и се случи на Македонија во претходните 10 години сигурно дека може да се стави под знак прашалник учеството на ДУИ во постојната владина коалиција. Кога тоа би дошло во прашање како последица на одлучноста на премиерот, сигурно дека и ние би ја разгледале нашата позиција и би помогнале и би биле поактивно вклучени во некои разговори за да бидеме дел од власта без да калкулираме какви позиции во идната власт ќе ни припаднат – рече лидерот на БЕСА.

Поврзани новости