Реџепи за „Фокус“: Се наближува денот кога ќе добиеме датум

Додава дека тој како дел од мнозинството ќе даде силен придонес тоа да се случи што поскоро, можеби веќе во јануари.

by fokus

Пратеникот Кастриот Реџепи во изјава за „Фокус“ вели дека според пораката на Советот на Европа се поизвесно е дека се наближува денот кога ќе добиеме датум за започнување на пристапни преговори, можеби уште во јануари.

Се уште опстојувам во моето убедување за европска Северна Македонија и со мојата одлука допринесоа да имаме стабилно мнозинство во Парламентот без никакви политички кризи.
Тоа значи дека ние сме стабилни и подготвени за решение со Бугарија.

Имајќи предвид декa Советот на Европа испрати јасна порака дека со нетрпение очекува одржување на првата меѓувладина конференција помеѓу РСМ и Р. Бугарија додавајќи и изјавата на премиерот Петков дека ќе се залага силно за решавање на пречките помеѓу двете држави за веќе да нема блокади за нашата држава од бугарска страна се докажува дека е се поизвесно дека се наближува денот кога ќе добиеме датум за започнување на пристапни преговори, вели  Реџепи за „Фокус“.

Додава дека тој како дел од мнозинството ќе даде силен придонес тоа да се случи што поскоро, можеби веќе во јануари.

Впрочем поддршката од Вашингтон, Велика Британија и 26 земји на ЕУ е јасна. Ние како држава сме ги исполниле сите обврски од нашата страна и останува на Р.Бугарија да ја тргне блокадата што поскоро.Тоа во краен случај не зависи ни од мене како еден пратеник, ни од мнозинството. Апелирам до сите политички чинители да дадат свој придонес во овој правец без да гледат тесно партиски интереси но да делуваат државнички и во интерес на граѓаните, порачува Реџепи.

К.С.Б.

Поврзани новости