Александров: Бугарија не може да ја одобри преговарачката рамка за Македонија

by Fokus

Бугарија не може да ја одобри нацрт преговарачката рамка, ниту да определи краен рок за свикување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, вели бугарскиот постојан претставник во ЕУ, Румен Александров.

Како што објави бугарски „24 Часа“, причина за ваквиот став според Александров, е тоа што не се исполнети барањата од националната рамковна позиција, поддржана од Декларацијата на бугарското Народно собрание.

-На инсистирање на Бугарија, Советот потврди дека целосното спроведување на Договорот за пријателство и соработка од 2017 година е дел од процесот на пристапување, изјавил Александров.

Истовремено, Бугарија потврди дека поддржува консензус за почеток на преговори со Албанија.

 

Поврзани новости