Потпретседателот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи денеска на својот фејбук профил напиша дека се убедени во победа на 15 јули.
– Слушнав дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако рече дека не го исклучува Движењето БЕСА како опција за формирање коалиција после изборите. Прво, ВМРО-ДПМНЕ со овој менталитет може само да сонува дека може да има мандат за формирање влада. Едноставно е истата реторика како оние што гледаат „соништа“, бидејќи единствените партии кои не се менуваат во концепт и дејствување се поранешниот режим ВМРО-ДУИ и тие се единствените што можат да формираат коалиција, но овој пат во опозиција, пишува Реџепи на фејсбук.
Движењето БЕСА, како што наведува, е убедено во победата на 15 јули, обезбедувајќи целосен мандат и оставајќи го претходниот режим во опозиција.
– Коалицијата „Можеме“ е концепт на напредок, развој и заложба за обезбедување подобра иднина за граѓаните на Северна Македонија, пишува на фејсбук Реџепи.