Реџепи повика: Рамазан да се празнува дома, верниците да ги почитуваат препораките

by Frosina Fakova

Џамиите ќе работат, но поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи во своето обраќање по повод светиот месец Рамазан, им порача на верниците да ги почитуваат препораките на Владата донесени за епидемијата од корона вирусот.

-Апелирам и ве замолувам да се придржувате кон исламските принципи за вашето и за здравјето на другите луѓе околу вас, истовремено почитувајќи го тоа што го велат лекарите и експертите во врска со пандемијата ковид 19. Само така ќе победиме и ќе се вратиме на нашите животи, само така ќе бидат оправдани нашите молитви за спас што ги упатуваме на семоќниот Алах, порача Реџепи.

Пред околу две недели, Реџепи се закани дека ако Владата не и помогне на ИВЗ во време на пандемијата, тие ќе ја повлечат забраната за собири. Сепак денеска рече дека Исламот не ги негира научните принципи.

Поврзани новости