473
Во поголем дел од Македонија утринава температурите се под нулата освен во Гевгелија каде се измерени три степени.
Најстудено е во Маврово каде минималната температура е -12 степени, потоа во Лазарополе -11, Крушево -8, Пожаране -7, Дебар -6, Ѓуриште -5, Тополчани и Берово -4, Тетово, Охрид, Прилеп и Претор -3, Битола -2 и Штип, Виница, Демир Капија и Куманово -1 степен. Во Скопје, Струмица и Дојран се измерени нула степени.
Во Македонија утринава преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Наместа има слаби провејувања на снег.