341
Денеска во Кривичниот суд почнува судењето во предметот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство за незаконски тендер во АД ЕЛЕМ при набавка на софтвер, тежок околу 4 милиони евра. Првообвинет во предметот е поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски. Се товари за злоупотреба на службената положба.
Предметот е распределен кај судијката Верка Петковска, која ја водеше постапката за „Диво насеље“.
Основниот суд Скопје 1 во овој предмет ги прифати и прислушуваните разговори како докази во постапката. Осомничени се вкупно три лица.