СЈО ќе излезе денеска на прес конференција

by fokus

Специјалното јавно обвинителство објави дека денеска во 13 часот ќе одржи прес конференција. Не е јасно дали ќе биде обелоденето дека е отворена нова истрага.

„Денеска, со почеток во 13 часот, во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ќе се одржи прес-конференција“, стои во најавата.

Последните активности на СЈО беа во домот на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска и во домот на екс генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, каде што беше извршен претрес. Според неофицијалните информации при претресот кај Канческа-Милевска беа одземени два мобилни телефони и еден компјутер.

 

Поврзани новости