Речиси 100 полицајци повредени во вчерашните пропалестински протести во Берлин

by fokus

Во судирите на пропалестинските демонстрации во Берлин, уапсени се 59 лица, а повредени се речиси 100 полицајци, соопшти денеска германската полиција.

Околу 3.500 луѓе се собраа вчера во Берлин, на еден од бројните европски собири по повод растечкиот конфликт меѓу Израел и палестински Хамас во Појасот Газа.

Кога полицијата се обиде да ги растера демонстрантите со солзавец, тие возвратија со фрлање шишиња и камења. Притоа се повредени 93 полицајци.

Поврзани новости