Гутереш за случувањата меѓу Израел и Палестина: Овој безумен циклус на крвопролевање и терор мора веднаш за заврши

by fokus 18:52
18:52

Судирите на Блискиот исток мора да престанат веднаш затоа што постои ризик од „неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза“ во регионот, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, отворајќи итна седница на Советот за безбедност.

„Масакрот продолжи и денеска. Овој безумен циклус на крвопролевање, терор и уништување мора веднаш да заврши”, рече тој на видео-конференцијата.

- Advertisements -

Според дипломатите, преговорите за декларацијата на Советот за безбедност се во тек, но поддршката на САД за текстот е се уште неизвесна.

„Судирите мора да престанат веднаш. Ракетите и гранатите од една страна и воздушните бомбардирања и артилерискиот оган од друга страна мора да престанат”, нагласи Антонио Гутереш.

„Конфликтите можат да ги втурнат Израелците и Палестинците во спирала на насилство со разорни последици за двете заедници и целиот регион“, продолжи тој.

Конфликтот има „потенцијал да предизвика неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза и дополнително да го поттикне екстремизмот, не само во окупираните палестински територии и во Израел, туку и во целиот регион“, додаде тој.

Поврзани новости