Реакција на текстот: Писмо пред Прочка од таткото на Анамарија

by Фокус

Ви се обраќам по повод писмото објавено во Вашиот медиум во кој моето име и функција се споменуваат во неколку  наврати без притоа да се води сметка за вистинитоста на изнесените тврдења.

Како човек и како мајка длабоко сочуствувам со болката на родителите за загубеното дете и ја разбирам нивната потреба од барање на одговор за тоа што е причината за смртта на малото девојче. Но барањето на одговори не значи обвинување на целокупната лекарска фела и здравствените институции во кои се лекуваат и излекуваат илјадници деца годишно. И не значи дека треба да ме обвинат мене без да поседуваат доказ за моја вмешаност во случајот.

Сакам да и појаснам на редакцијата и на Вашите читатели дека детето никогаш не се лекувало на Клиниката за детски болести и не било наш пациент. Докторка од клиниката за детски болести по конзилијарно барање од нашите колеги од Инфективната клиника, беше да го види пациентот и разговараше со родителите, но таа не го водеше лекувањето на детето ниту пак  препишуваше терапија. Тврдењата дека Клиниката за детски болести има било каков удел во овој трагичен случај се неточни и некорекно е да се обвинува институција во која секој викенд во период од само 48 часа примаа и лекува 250 пациенти.

Уште потешки се обвинувањата дека сум дел од некакви комисии за утврдување на причините за смртта на детето и евентуални грешки. Ниту сум била повикана, ниту пак сум учествувала во било какви проценки  поврзани со случајот.

Сочувствувам длабоко со трагедијата на родителите, но ги насочувам одговорот да го бараат на клиниката каде нивното дете се лекувало.

Клиниката за детски болести не може да одговара за пациенти кои никогаш не ги лекувала. Од друга страна, да се обвинува инстутуција која згрижува деца од целата земја и се грижи за нивното здравје е некоректо, пред се заради вработените лекари и медицински сестри кои животот го имаа посветено токму на тие деца.

Директор на клиниката за детски болести

Доц. Др Аспазија Софијанова

 

Поврзани новости