Коцијанчич за Телма: ЕУ не префрла кеш на владини сметки, туку помага преку фондови

by Фокус 17:21
17:21

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанцич за Телма изјави дека Европската Унија не префрла кеш пари на банкарски сметки на македонската влада, туку преку фондови ги поддржува активностите кои се потребни за справување со мигрантската криза.

– Поддршката за земјата за активности наменети за гранично управување и миграција досега изнесува речиси 50 милиони евра. Едно нешто е важно – правилата за тоа како ние ги користиме парите на даночните обврзници се многу конкретни – вели Коцијанчич одговарајќи на прашање по обвинувањето од претседателот Ѓорѓе Иванов во интервју за германски „Билд“ дека ЕУ досега не префрлила ниту еден цент за решавање на овој проблем.

- Advertising -

Вчерашното интервју на Иванов предизвика многу реакции во германските медиуми, кои пишуваат дека пораките на македонскиот претседател се наменети за домашната јавност.

 

Поврзани новости