ФРОДЕМ: Граѓаните ја даваат и ја земаат власта

by Фокус

Враќањето на можноста за помилување на учесници во злосторнички здружен потфат за фалсификување на граѓанската изборичка волја во суштина значи судспендирање на уставниот поредок и суспендирање на волјата на граѓаните и нивното право на глас и истото тоа право во иднина слободно и неказниво да го користат организираните криминални структури за лични и и партиски цели и интереси, реагираат од ФРОДЕМ, по донесувањето на одлуката на Уставниот суд претседателот да има раво да ги помилува сите оние кои учествувале во изборни нерегуларности.

Според нив, овој антидржавен акт ќе значи и суспендирање на суштински дел на политичкиот договор од „Пржино“ со кој е договорен начинот како да се излезе од тешката политичка криза во која се наоѓа државата.

– Пред да се премине овој „Рубикон“ после кој нема враќање назад, ги повикуваме надлежните органи на гонење односно МВР и Специјалното и редовното обвинителство, да ги проверат можните индиции дали ваквиот акт на петте судии е резултат на притисок или последица на кривични дела поврзани со обвиненијата за изборниот фалсификат или други кривични дела. Или било какви конфликти на интереси и неспоивости на фукциите, особено со членство во политичка партија! Посебно овие институции се должни да ги проверат се погласните шпекулации во јавноста дека оваа опасна игра на петте мускетари на Уставниот суд има за цел да спречи да излезе на површина изборниот фалсификат за првиот човек на државата, во кој исто така главни протагонисти биле токму осомничените во акцијата Титаник. Ова дотолку повеќе што од страна Владата и Собранието на.Македонија односно народните претставници нема позитивно мислење за оваа фингирана иницијатива. Доколку има и најмала можна противправна индиција или сомневање постапката веднаш треба да запре. Во овој контекст посочуваме дека прв индикатор е самата брзина на движење на постапката пред Уставниот суд – се наведува во соопштението.

Од Движењето порачуваат дека власта ја даваат и ја земаат граѓаните и ако ова основно уставно право и овластување се оспори, тогаш граѓаните треба да си го вратат оспорениот суверенитет на секој возможен начин.

Поврзани новости