Реакција на СДСМ: ДПМНЕ да престане со неодговорната политика и да даде поддршка на Договорот за добрососедство

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине себеси и да престане со својата неодговорна политика и наместо тоа, да покаже одговорност и да дејствува во решавањето на отворените прашања, во унапредувањето на добрососедските односи и отворањето на евроатлантските перспективи, стои во реакцијата на владејачката СДСМ на одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да не се поддржи во Парламентот Договорот со Бугарија.

„Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија е основа за пријателство и взаемен успех на двете држави, а неговото потпишување е заеднички успех на сите досегашни влади, на сите партии и на сите граѓани. Затоа, особено важно е ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност и да учествува во заокружувањето на процесот и да даде поддршка на Договорот“, стои во реакцијата.

Од партијата наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека политиката значи одговорност, а добрососедските односи се и треба да бидат врвен приоритет за Република Македонија и нејзините граѓани.

Поврзани новости