Реакција на Бирото за развој на образование за протестот на студентите од ФИНКИ

by Fokus

Деканатот на ФИНКИ како времено решение бараше од Владата, односно Министерството за образование и наука, бараките во близина на Машинскиот факултет кои се во сопственост на Бирото за развој на образованието да им ги отстапат.

Но од Бирото и денеска реагираат дека тоа не е решение и дека тие нема да ги отстапат нивните простории.

„Јавно порачуваме дека се залагаме да се изнајде соодветно решение за непречено одвивање на наставата на студентите на ФИНКИ и го поддржуваме факултетот во залагањата да обезбеди соодветни услови за настава и трајно да го реши просторниот проблем, наместо да бара „привремено“ решавање на проблемот во „привремените објекти“ на Бирото за развој на образованието, во кои нема услови за настава“, се вели во соопштението од Бирото.

Поврзани новости