Разрешена Ризова од „Комедија“: Имав притисоци од Стефоска, ама ќе има ред!

by Fokus

Денеска е разрешена в.д. директорката на театар „Комедија“, Магдалена Ризова Черних, откако беше поставена на функцијата на крајот на ноември минатата година.

Таа преку соопштение даде објаснување за целата ситуација, потенцирајќи дека трпела големи притисоци од министерката Стефоска да ја напушти функцијата.

„Причината за моето разрешување не ми е позната, бидејќи од вчера сум на боледување заради мојата влошена здравствена состојба.

 

Меѓудругото имав огромни притисоци од страна на министерката Стефоска да си дадам оставка која не знам од која причина го правеше тоа. Истото го правеше и претседателката на управен одбор Весна Гиновска Илкова. Мобинг и изнесување на тотални лаги.

 

Кога е во прашање изнесување на вистината,вистината е следна. Потписи и манипулации и не вистини. 79 вработени во институцијата Театар Комедија , а петиција од 30 и нешто,кој јас уредно ги повикав на состанок.

 

Ги исполнив барањата да уметнички раководител биде Дарко Спасов,за кој уредно издадов задолжение за да ја извршува должноста и испратив барање до министерството за одобрување на финансиски средства за тоа работно место.

 

Одговор на барањето сеуште нема, а истиот се повлече од должноста на крај од годината. На средбата со министерката бев изложена на притисок да решам проблем кој така лесно не се решава. За да работиш месец дена и да решиш проблем кој е од човекова природа не е лесно.Рокови три,четири дена“, вели Черних и додава:

 

„Не дозволи да си го реализирам мојот план за работа и начин. Никогаш ова не се случувало од еден министер. Следно, после распишаниот оглас за директор, не се изврши избор на директор и јас ги искористив правните основи за тужба како секој кој го има уставното право.

 

Атакот врз мене продолжи со итни седници на управен одбор за мое разрешување,без причина наведена.

 

Тоа што се наведува од дел од колективот е причина според писмата потпишани од пола од вработените дека не сум била за директор ,зошто сум била уметнички раководител во време кога бил претходниот разрешен директор,за кој стигнал допис до театар во месец Јули и не бил покажан никаде дека нема злоупотреба на службена должност.

 

Истиот беше изваден на огласна табла.За моето работење постојат извештаи како уметнички раководител во архивите на институцијата. Сомнежот им бил дека јас ќе го вратам Ристовски, кој со изјава сам кажа дека не сака да се врати воопшто и ниту имам намера да го вратам.

 

Овој однос кон мојот кредибилитет, моето 26 годишно работно искуство во театарската област и кон мене лично ве уверувам дека ќе го разрешам после подобрување на мојата здравствена состојба, бидејќи јас сум на боледување од вчера

 

Меѓу другото сакам да истакнам, дека притисоците и врз мојот приватен живот беа преголеми. Одлуката ќе ја почитувам, бидејќи редот е така.

 

Доколку сакате изнесување на докази, тоа ќе го направам прво до новата министерка која се надевам дека уште веднаш ќе го обелодени случајот. Се има ред и ќе има ред“, додаде актерката.

На нејзино место за в.д. директор на „Комедија“ е назначен Дарко Спасов, кој е вработен како драматург во оваа установа.

Поврзани новости