Разрешена обвинителката од која стравуваше цела Романија, Лаура Ковеси повеќе не е на чело на Специјалното обвинителство

by Fokus

Лаура Ковеси, обвинителката на Романија повеќе не е на чело на Специјалното јавно обвинителство (ДНА).

Романскиот претседател, Клаус Јоханис, потпиша указ за разрешување од функцијата на главната обвинителка против корупцијата, Лаура Кодруца Ковеси, по решение на Уставниот суд од мај годинава.

„Одлуките на Уставниот суд треба да бидат почитувани во држава што го почитува владеењето на правото. Претседателот издаде указ за отстранување на главниот обвинител од функцијата“, изјави портпаролката на претседателот, Мадалина Доброволски.

Поврзани новости