Генерал-потполковник Горанчо Котески, кој беше началник на Генералштабот на АРМ, иако мандатот му беше истечен пред една година, денеска е разрешен од функцијата, дознава порталот Фактор. Порталот пренесува дека состанокот на кој била донесена оваа одлука се уште е во тек.
Според информациите на Фактор, во игра се двајца наследници на генералот Котевски. Котески на функцијата беше именуван на 18 август 2011 година, а го наследи дотогашниот началник, генерал-потполковник Мирослав Стојановски.
Инаку, денеска се одржа свеченост по повод на Денот на АРМ, на која се обрати и началникот Котески. Во својот говор тој истакна дека ќе предложи децентрализацијата на финансиските средства од Армијата кон потчинетите команди и единици, како и измени на Законот за јавни набавки.
Армијата периодов беше во фокусот поради тоа што тригодишниот мандат на генералот Котески е истечен пред една година, а претседателот Ѓорге Иванов ниту му доверил нов мандат, ниту назначил нов началник на ГШ на АРМ.