Гласачите од Пустец тема на денешната средба на работните групи

by Фокус 18:03
18:03

Откако завршија одморите, денеска продолжија преговорите за спореведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза. Првата средба по десетина дена започна во Клубот на пратеници во 13 часот, а на новинарите не им беше дозволено да влезат ниту во дворот. Претставницте на четирите најголеми политички партии имаа и заеднички работен ручек, а според последните информации можно е преговорите да продолжат и во вечерните часови.

Неофицијално, главна тема на денешната средба било прочистување на Избирачкиот список од непостојните гласачи, но и од гласачите од Пустец. Во игра се две опции: оние кои сакаат да гласаат да се регистрираат пред изборите или теренска проверка на Избирачкиот список од одење од врата на врата. Нема информација што би било прифатливо за владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите се Никола Попоски и Никола Тодоров, на СДСМ: Дамјан Манчевски и Цветанка Иванова, на ДУИ: Муса Џафери и Артан Груби и на ДПА: Беким Фазлиу и Имер Алиу. Средбите продолжи да ги надгледува белгискиот олеснувач Питер Ванхојте.

 

Поврзани новости