Милетиќ се вработи во ЕЛЕМ

by Фокус

Лидерот на Српската радикална странка, Драгиша Милетиќ, кој од коалицијата со опозицискиот СДСМ се префрли кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соработката со ГРОМ на Стевчо Јакимовски, е вработен во државната ЕЛЕМ на позицијата координатор за проекти и маркетинг.

Од ЕЛЕМ засега нема информација колку кандидати се пријавиле на огласот за врабтување и кои биле условите што се барале да ги исполнуваат, но во документот што излезе во јавноста стои дека Милетиќ победил на конкурсот.

Со помош на печатот на партијата на Милетиќ, Јакимовски се кандидираше за градоначалник на Карпош на локалните избори во 2013 година, кога СДСМ заговараше изборен бојкот, по што формираше партија и стапи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори во 2014 година.

Поврзани новости