Разрешен директорот на НУБ „Свети Климент Охридски“, работел противзаконски

by fokus 18:32
18:32

Директорот на НУ Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Скопје, Фремзим Даути, е разрешен од должноста бидејќи не работел согласно закон и статут, соопшти попладнево Министерството за култура.

– По повеќемесечни инспекциски надзори спроведени од страна на Министерството за култура во 2021 година, утврдени се низа сериозни неправилности во работата на директорот од аспект на Законот за културата и Законот за библиотеките.

- Advertisements -

Врз основа на утврдената фактичка состојба констатирана при инспекциските надзори, министерката за култура Ирена Стефоска оцени дека се исполнети законските услови за разрешување од должноста директор на Националната установа,  Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Скопје пред истекот на мандатот, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

До изборот на нов директор, заради непречено функционирање на оваа установа, назначен е в.д. директор од редот на вработените.

Поврзани новости