Разликата во годините е неважна кога имате заеднички карактерни особини!

by fokus

Викендов во познат хотел во Скопје се одржа свадбената веселба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски (37) и неговата избраничка, докторката Маринела Серафимова (25).

На свадбата на двајцата штипјани присуствуваа голем број на личности од политичкиот врв, кои на социјалните мрежи објавија фотографии од веселиот настан, како и желби за среќен брак на младенците.

За љубовната приказна на Благој и Маринела, јавноста дозна лани, кога тој откри дека ја запросил, по една година врска.

Се знаеле долг период, бидејќи се сретнувале низ градот, и се се случило спонтано. По запросувањето, министерот во интервју откри дека разликата во годините, односно тоа што тој е 12 години постар од Маринела, никогаш не претставувала проблем.

Според него, во една врска најважно било да се има заеднички карактерни особини.

Раскажуваше дека слично размислуваат и функционираат, и за една година, колку што биле во врска, добро се запознале.

Инаку, Маринела е ќерка на познат штипски угостител, а пак Благој потекнува од семејство кое има градежна компанија.

Пред да стане министер, тој беше пратеник, а потоа и градоначалник на Штип.

Вики Клинчарова

Поврзани новости