Разговорот на Јанкулоска и Груевски за мерцедесот од 600 илјади евра ќе одекне во судница, Апелација ги прифати „бомбите“ како доказ

by Fokus

„Бомбите“ за луксузниот мерцедес од над 600 илјади евра ќе бидат дел од доказниот материјал за случајот „Тенк“, во кој обвинета е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, одлучи Апелација.

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на вчерашната јавна седница побара од Апелација да дозволи бомбите да се пуштаат на судењата по овој предмет.

-Од нив најдиректно произлегува како обвинетите го сториле кривичното дело – рече Фетаи.

Одбраната на Јанкуловска, пак, побара од Апелација да не ги прифаќа бомбите како доказ.

-Излегува дека поранешната министерка за внатрешни работи самата себе се прислушувала, односно дека самата креирала докази против себе – рече вчера адвокатот, Боро Тасевски.

Јанкуловса се бранеше со цитирање на пресуди на Европскиот суд за човекови права. Според неа нарушена и е приватноста која, како што рече, е цивилизациска придобивка.

Случајот „Тенк“ на СЈО се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на екс -министерката Гордана Јанкуловска и началникот за јавни набавки кои му ја исполниле желбата на поранешниот премиер Никола Груевски за набавка на Мерцедес вреден 600 000 евра.

 

 

Поврзани новости