682
Во еден од телефонските разговори, што денеска ги објави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски може да се слушне аудио – снимка од разговор меѓу шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков и уредникот на Сител Драган Павловиќ – Латас, кои зборуваат на кој начин да го добијат изборите во општина Центар.
Во аудио-снимката може да се забележи како Мијалков му објаснува на Латас, дека екс-лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, преговарал на локалните избори 2013 година, нудејќи му на шефот на тајната полиција замена на Карпош и Центар, односно ВМРО ДПМНЕ да гласале против Стевчо Јакимиовски, а СДСМ да гласале против Андреј Жерновски, бидејќи како што вели Мијалков во разговорот, Црвенковски му завидувал на Жерновски.