Солидарност: ДУИ да се повлече од Владата

by Фокус

Левичарското движење Солидарност и порача на ДУИ, доколку размислува да излезе од владата, тоа јасно да и го соопшти на јавноста, наместо да го насочува јавното мислење кон прашања кои им даваат сила и идеи на национал-шовинистите.

– Сметаме дека е разнишан уставниот поредок и демократските институции на Република Македонија и сметаме дека владата нема легитимитет да владее ниту ден повеќе! Во врска со изјавата на пратеничката Ермира Мехмети, за потребата од преодна влада на чие чело би бил припадник на албанската заедница, „ЛД Солидарност” како надетничкa и антинационалистичкa организација смета дека не е важно од која националност ќе биде личноста што ќе биде на чело на преодната влада, но особено е важно да се овозможи враќање на демократијата и социјалната правда и организирање слободни и демократски избори, по спроведени сериозни подготовки – се наведува во соопштението од Солидарност.

Од Солидарност велат дека, сега е моментот за вистински реформи во земјава.

– Политичката криза во земјава, која го разоткри грдото лице на манипулативното и авторитарно владеење е вистински момент за темелна реформа на политичките партии во граѓански и надетнички политички субјекти кои ќе ги интегрираат пошироките слоеви од повеќе етнички заедници во извршните тела со одлучувачка моќ, без етикетирање и лицитирање во опортун момент кој им дава сила на националистичките струи во Македонија – се вели во соопштението.

Поврзани новости