МВР поднесе пријава за обезбедувачот на Заев, а за Амди?

by Фокус 21:33
21:33

МВР излезе со своја верзија околу инцидентот со пратеникот Амди Бајрам и член на обезбедувањето на Зоран Заев. Во кусото соопштение сепак не е наведено дека имало физичка пресметка и дека пратеникот е повреден како што самиот тврдеше. Во ставот на МВР се наведува:

„Во однос на вчерашниот настан би сакале да информираме дека, околу 15,30 часот пријавено е дека на ул.„ Кеј 13 ти Ноември“ пред Управната зграда во ГТЦ на пратеник од Собранието на Р. Македонија, кој бил заедно со уште едно лице, во еден момент им се доближил А.Т.(29) од Струмица, по што истиот започнал вербално да го напаѓа, упатувајќи му навредливи зборови на пратеникот. Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје излезено е на лице место и разговарано е со лицата. Извршен е преглед во возило „Шкода Октавија“ управувано од А.Т. при што во истото биле пронајдени два ножа на расклопување, една палка на расклопување и еден заштитен елек. Против лицето А.Т. поднесена е пријава за нарушен јавен ред и мир. Од страна на СВР-Скопје до Основното Јавно Обвинителство проследен е предметот на натамошно постапување“.

- Advertisements -

Ако со вербалниот деликт обезбедувачот го нарушил редот и мирот, тогаш тоа сигурно го сторил и противникот, во случајов Амди Бајрам, оти за таков инцидент се неопходни две страни. И секако, дали МВР ќе го пријави Бајрам за лажно пријавување физичко насилство, оти на некои медиуми дадваше изјави дека е хоспитализиран и дека пријавил во полиција?

Од СДСМ известија дека немало никакво физичко насилство и дека власта продолжува да го користи Бајрам како марионета за правење инциденти. Нејасно остана и како многубројната полиција се затекнала на местото на настанот речиси истовремено кога струмичанецот и пратеникот се карале.

Поврзани новости