Разбојници со нож повредиле жена при обид за грабеж во нејзиниот дом

by Fokus

Дваесет и шестгодишна жена синоќа во нејзниот дом во скопската населба Кисела Вода, била повредена при обид за грабеж од страна на две непознати лица, информираа од МВР.

Според полицијата, инцидентот бил пријавен околу 22,30 часот, а се случил на ул.„Архитект Никола Добровиќ“ кога две непознати лица влегле во домот на Ж.Т.(26) и почнале да и се закануваат барајќи и пари. Лицата потоа ја турнале на подот и со нож и нанеле расекотини на десната нога и левата рака, по што го напуштиле местото на настанот.

Повредената Ж.Т. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Поврзани новости