Петровски: Од самиот почеток зградата не е направена како што треба, но јас не сум ја градел

by fokus

Не сум ја градел јас зградата, ниту сум вршел прием, во таква состојба ја затекнав и најдов, вели поранешниот директор на Државниот архив, Филип Петровски, за зградата на Археолошкиот музеј, каде што се наоѓа Архивот, и која протекува при секој дожд при што во опасност од уништување ги става документите кои се од национално значење.

Петровски две години управуваше со оваа институција и за „Фокус“ вели дека ќе треба да се направи посериозна интервенција за да се поправат недостатоците кои ги оставиле претходните градители.

Се сложува дека е апсурдно за нова зградата, изградена пред само четири години, и која чинеше околу 42 милиони евра, дополнително да се одвојуваат пари за интервенција.

-Ниту сум вршел прием, ниту сум извршил проектирање. Од самиот почеток зградата не е направена како што треба. Во рок на гаранцијата на изведувачот од две години се што требаше се поправаше, но кога има посилни врнежи водата си наоѓа пат низ некои дупки водата. Ќе биде потребна посериозна интервенција, но се се поправа – вели Петровски и додава дека во негово време вода не допрела ниеден документ.

Според Петровски во двете години, додека директорувал со Државниот архив, поради периодот на политичка криза бил оневозможен да отвора тендерски постапки за да се извршат градежи поправки.

-Дека е апсурдно се сложувам, но што сум можел да направам сум направил. Алармирано е повеќе пати од моја страна, праќани се дописи до инвеститор и до изведувач. Но не тече само оваа зграда, течат сите. Треба само просториите да се обезводнат, а тоа ќе си го направи новата Влада.  Има проблеми, точно е тоа, но бар има зграда, а она што не го решила претходната Влада, нека го реши новата. Ја гарантирам дека они не можат да искречат се што е направено пред нив – вели тој.

Вработените во Државниот архив бараат да се вратат во старата наменска зграда изградена во 60-тите, затоа што оваа, велат, е несоодветна за чување на историска граѓа. Петровски вели дека е соодветна, но дека не е наменета за 120 службеници, колку што има, туку за околу педесетина.

-Има во архивот група на луѓе пред пензија, кои се навикнале на стара града и кои сакаат на први спрат да работат, не сакаат по лифт да се качуваат. Сакаат последните две три годни да си бидат во старата никаква зграда, но таму има промена на имот со одлука на Владата да го даде на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Во новите простории има повеќе луѓе отколку што самите простории дозволуваат и тоа е точно. Затоа јас сметав дека во Археолошкиот музеј требаше да биде сместена само администрацијата, а не депото, да не се чуваат таму и документите – додава тој.

Архивистите веќе покренаа петиција со која бараат од Владата да ги врати во старата зграда. Сметаат дека непродуктивно ќе биде ако бидат отсечени од депото. Најавуваат и бојкот кон Владата и државните институции доколку не им се исполни барањето.

Поврзани новости