384
По повеќе од 72 часа по катастрофалниот земјотрес од 7,8 степени по Рихтеровата скала, кој ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, бројот на загинати достигна речиси 16.000.
Според последниот биланс, бројот на загинати во Турција се искачи на 12.873, а во Сирија има вкупно 2 992 жртви, со што вкупниот број на загинати во двете земји се искачи на 15.865.
Бројот на загинати во земјотресот се очекува нагло да се зголеми, бидејќи спасувачките напори ја минуваат границата од 72 часа, што експертите за катастрофи го сметаат за најверојатен период за спасување животи.
Во Турција е прогласена тримесечна вонредна состојба во 10 провинции, а помош за погодените од земјотресот пристигнува од целиот свет.