Сончево и студено време

by Фокус

Денеска наутро времето ќе биде многу многу студено, а преку денот сончево со мала облачност, најавува УХМР.

Утринската температура ќе се спушти до минус 15, а дневната ќе достигне до 7 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и студено со мала облачност.

Ќе дува слаб ветер претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до минус 8, а дневната ќе се искачи до 3 степени.

Поврзани новости