854
По извршената ждрепка на ДИК, денеска беше одреден редоследот на броевите на претседателските кандидати.
Блерим Река ќе биде под број „еден“, претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова под број „два“, а Стево Пендаровски од СДСМ под број три.
Кампањата ќе трае до 19 април по што следува изборниот молк. Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот за 5 мај.